Емотивно видео од моментот кога предвреме родено бебенце си заминува дома по 85 дена поминати во болница ќе ви разбуди силни емоции.
Во него, мајката Кели го носи малиот Кит облечен како мини матурант додека медицинските лица од одделот за неонатална интензивна нега му аплаудираат.
@goodnewscorrespondent HAPPY GRADUATION: Preemie warrior who entered the world 3 months early and fought for his life celebrates his NICU graduation. #NICU #preemie#flashback #flashbackfriday ♬ My Tears Are Becoming A Sea - M83
Кит се роди 3 месеци предвреме, кога Кели доби пневмонија како последица на КОВИД-19. За да се спаси нејзиниот живот и животот на бебенцето, ѝ бил направен итен царски рез.
Кели е мајка на шест деца. Кит е нејзино петто дете и сега има 2 години. Таа постојано споделува фотографии од нејзиното големо семејство со кое се гордее.