Ејми Маркез доби две големи изненадувања. Малото девојче, кое е голем фан на Лионел Меси, од тетка си доби на подарок билети за да го гледа омилениот фудбалер во живо.
Во видео кое брзо се распространи на интернет, 10-годишната Ејми плаче од среќа кога ќе го отвори пликот со билетите. Таа веднаш се упатува кон тетка си за да ѝ се заблагодари.
„Кога тетка ми ми го даде подарокот, мозокот ми експлодира. Навистина не знаев што да направам и почнав да плачам од среќа“ – изјавило среќното девојче.
Amy Marquez received the surprise of a lifetime when her aunt gifted her tickets to watch Messi play in El Salvador! ️https://t.co/UXji7xyO3y pic.twitter.com/J7HQCRCCUU
— Good Morning America (@GMA) January 25, 2024
Снимката од Ејми стигна до тимот на Меси, па негов претставник ѝ подари дрес потпишан лично од легендарниот фудбалер.
Ејми била пресреќна што го проследи натпреварот и што навиваше за својот идол.
@telemundo_noticias_ Amy Márquez, la niña salvadoreña de 10 años que se hizo viral por su reacción al recibir un boleto para ver jugar a Messi, cumple su sueño... ¡y se lleva otra gran sorpresa! #telemundonoticias #viral #fypシ ♬ sonido original - Telemundo Noticias