Жена го сподели емотивниот момент кога дозна дека нема повеќе рак.
Александра Вилер третпат во животот водеше тешка битка со саркомот, па очигледно е нејзиното олеснување кога ги отвори резултатите од ПЕТ скенот и ја прочита убавата вест.
Среќната жена го сними и моментот кога му соопшти на сопругот дека нема повеќе рак.
„Последната битка вклучуваше исцрпувачки третмани со хемотерапија и радијација кои го таргетираа ракот во мојата градна празнина. Не можам, а да не се навратам на патувањето коешто го поминав, подемите и падовите, физичката и емоционалната цена што ја платив. Но, во овој момент, полна сум со благодарност и надеж за посветла иднина, ослободена од стегите на ракот“ – рекла таа.
This woman is about to get her treatment results. If you've been through this yourself or with a loved one, you get why this moment is so big. pic.twitter.com/XxtzqMgpOU
— Humankind (@humankind) June 28, 2023