Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Љубомората во врската

Љубомората во врската

Не постои човек кој не ја почувствувал љубомората. Таа може да се појави во секоја врска и во секое време. Никој не е заштитен од „зеленото чудовиште“ наречено љубомора.

Љубомората во врската е многу покомплексна отколку што можеме да си замислиме. Таа претставува збир на емоции како страв, лутина, тага, болка и завист. Понекогаш зад љубомората се крие и желба за контрола над партнерот.

Љубомора во врскатаЉубомората е едно од оние чувства кои треба да знаете добро да ги контролирате.

И мажите и жените чувствуваат љубомора, но ја демонстрираат на различен начин. Жените почесто ја покажуваат, поради тоа што повеќе им посветуваат внимание на своите чувства и не се плашат да ги споделат со другите.

Од друга страна, мажите се обидуваат што поретко да ги изразуваат своите чувства, но кога се љубоморни, тие ја демонстрираат љубомората на поексплозивен начин.

Дозата на љубомора

Љубомората во врската е како солта во храната. Малата доза ја зачинува, но преголемата го уништува задоволството и под одредени околности може да биде опасна по живот.

Maya Angelou

Љубомората е едно од оние чувства кои треба добро да ги контролирате. Присуството на мала доза љубомора во врската може да има позитивен ефект. Тоа ги поттикнува партнерите да се почитуваат и ценат еден со друг, а може и лесно да ја вжешти атмосферата во спалната.

Но, секоја врска си има свои непишани правила и вие треба да знаете да се придржувате до нив. Пред да започнете со љубоморни сцени, потребно е да процените колкава доза на љубомора поднесува вашиот партнер. Никогаш не треба да претерате, затоа што лесно може да „му се качите на глава“ и да го оттурнете од себе.

Не се ретки случаите на мажи кои изневериле точно поради тоа што постојано живееле со сомнежите и обвинувањата на својата партнерка.

Затоа, научете која е точната доза за вас и понекогаш „глумете“ љубомора за вашиот партнер да почувствува дека имате силни чувства кон него и дека е ценет од вас. Но, правете го тоа само ако знаете да си поставите граница.

Како да ја победите својата опсесивна љубомора?

Доколку сметате дека вашата љубомора е опсесивна и ја загрозува иднината на врската, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од тоа интензивно чувство.

  1. Верувајте му на партнерот. Ако постојано живеете со страв дека тој може да ве изневери или напушти, ќе се оддалечите од него. Претераната љубомора може да ве направи непривлечни. Затоа, верувајте му на својот партнер, особено ако никогаш не направил нешто со кое што би ја заслужил вашата недоверба.
  2. Не се споредувајте со другите. Ние жените сме склони секогаш да си ги гледаме недостатоците, било тоа да се однесува на физичкиот изглед или на карактерот. Секогаш можеме да најдеме некоја позната која во нешто е подобра од нас и тоа ни создава несигурност и страв дека партнерот ќе ја избере неа пред нас. Но, секоја жена треба да се ослободи од таа лоша навика на постојано споредување, затоа што секој е уникатен и специјален на свој начин и треба да знае да се цени себе си.
  3. Верувајте си себе си. Верувајте дека имате доволно искуство или способност да си изберете партнер кој никогаш не би направил ништо за да ве повреди. Сепак, секоја врска може да тргне во погрешен правец, па потребно е и да бидете уверени дека можете да се справите со секој проблем.
  4. Зголемете си ја самодовербата. Несигурноста и отсуството на самодоверба создаваат основа за појава на љубомора. Ако му ја покажете на партнерот вашата несигурност и сомнежите, може да „паднете“ во неговите очи. Затоа, зголемете си ја самодовербата и покажете дека нема место за болната љубомора во вашата врска.
  5. Оттргнете ги негативните мисли. Понекогаш љубомората се појавува уште пред вашиот партнер да ви даде причина за тоа. Ако се сомневате во него секогаш кога тој ќе задоцни или нема да ви се јави навреме, проблемот побарајте го во себе. Започнете да мислите попозитивно за вашата врска, без непотребно да се оптоварувате со лоши мисли за тоа што може да направи тој кога не е со вас.
  6. Разговарајте со ваша пријателка. Понекогаш искажувањето на чувствата на глас може да ви помогне да ги оставите зад себе. „Исповедта“ пред блиска личност може да ви помогне реално да оцените дали има причина за да бидете љубоморни или сè е плод на вашата фантазија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19440 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.