Ненадејно почина Боб Сагет, актерот кој го засакавме со серијата „Full House“ (Полна куќа), а кој нè расположуваше и со смешни домашни снимки во шоуто „America's Funniest Home Videos“.

65-годишниот актер и комичар беше пронајден мртов во хотелска соба во
Сагет беше сред турнеја, а последното стенд-ап шоу го одржа во саботата во Џексонвил.
Во 80-тите и 90-тите години, Боб стана едно од најпрепознатливите ТВ лица откако доби главна улога во „Full House“. Серијата се емитуваше од 1987 до 1995, а во 2016 година доби и продолжение на Netlix. Сегет 8 години беше водител на „America's Funniest Home Videos“, а девет сезони беше и наратор на „How I Met Your Mother“.

Духовитиот актер беше во брак со Кели Ризо, а има три деца со првата сопруга Шери Крамер.
