Почетна » Убавина и мода » Тело » Освој фотодепилатор Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната!

Освој фотодепилатор Philips Lumea за безболно и долготрајно ослободување од влакната!

Надополнето:

Квизот е завршен!

Која дама не мечтае да плови безгрижно низ деновите, без да се замислува за тоа дали успеала да ја доведе својата кожа во најдобро светло пред да блесне во својата омилена модна комбинација? Со наближувањето на топлата сезона, сè погласни стануваат дискусиите за ослободување од здодевните влакна.

Сега, за една среќничка женскиот сон за збогување со несаканите влакна ќе стане јаве. Врвната компанија Philips ќе израдува една дама со идеален подарок – Philips Lumea Prestige, фотодепилатор за ЕФЕКТИВНО, БРЗО и БЕЗБОЛНО ослободување од влакната и спречување на нивното повторно израснување.

Philips Lumea

Збор-два за престижниот подарок

Модерниот уред Philips Lumea Prestige за долготрајна и безболна депилација ја носи револуционерната технологијата IPL (интензивна пулсирачка светлина) од професионалните козметички салони во удобноста на вашиот дом.

Отстранувањето на влакната со Philips Lumea е ефективно, безболно и брзо.

Третманот е потполно безболен. Покрај тоа што има додаток за третирање на поголеми површини од телото како нозете и рацете, моделот Philips Lumea Prestige, кој ќе заврши во рацете на една од вас, има и специјален додаток за лице со дополнителна заштита и додаток за попрецизно третирање на бикини-зоната.

Една од многуте позитивни страни е што сте готови за екстремно кратко време – 15 минути за нозете, по 1 минута за секоја од пазувите и 1 минута за лицето.

Philips Lumea

Уште веднаш „убијте“ ги дилемите за безбедноста на уредот. Научници и дерматолози го тестираа уредот подолго од 12 години со цел да се осигурат дека е апсолутно безбеден.

Доколку ви го заскокоткавме љубопитството и имате какви и да било прашања, слободно поставете ѝ ги на форумџиката Dijana, која моментално го тестира Philips Lumea, давајќи искрен коментар за искуството и ефектот.

Над еден милион жени низ светот го користат овој уред со напредна и иновативна технологија, а сега вие имате можност да го добиете како подарок.

Учествувај веднаш!

За да станеш потенцијална добитничка на Philips Lumea Prestige, одговори на прашањето:

За колку проценти се намалува растењето на влакната по три третмани со Lumea?

Точниот одговор на прашањето можеш да го пронајдеш во видеото кое следува, како и во текстот на форумџиката Dijana која го тестира уредот.

Квизот ќе трае 3 недели. Секоја недела ќе биде објавувано ново прашање. Одговарањето на кое било прашање ти гарантира учество во квизот. За максимално да си ги зголемиш шансите да го добиеш подарокот, следи нè и одговори на сите три прашања.

Одговорот испрати го на e-mail lumea@femina.mk, заедно со твоето име и презиме, возраста, градот во кој живееш и телефон за контакт.

Правила

Времетраење:
3 недели (од 21.03.2016 до 11.04.2016). Поканети се да учествуваат сите граѓани на Република Македонија со наполнети 16 години.

Учество:
Секоја недела на сајтот ќе бидат објавувани статии со видео за Philips Lumea. За да се вклучите, вие треба да одговорите ТОЧНО на прашањето истакнато во текстот. Одговорот можете да го пронајдете во презентираното видео, како и во темата за Lumea на форумот.

Со првото одговорено прашање, вие станувате учесничка и сте потенцијална добитничка на подарокот. Нагласуваме дека за едно прашање ќе важи само еден одговор. Не го одговарајте истото прашање неколкупати. ВАЖНО: Со одговарањето на второто и третото прашање, вие си ги зголемувате шансите за да победите. Што значи дека ако одговорите на сите три прашања, вам трипати ви се зголемуваат шансите за добивка.

Објавување на победничката:
Извлекувањето на добитничката на подарокот ќе се одржи на 12.04.2016, а нејзиното име ќе биде објавено преку текст на сајтот Femina.mk и на нашата Facebook страница. Среќничката која ќе добие фотодепилатор Philips Lumea Prestige ќе биде контактирана преку e-mail и на телефонскиот број со кој се пријавила за учество.

Заштита на податоците:
Личните податоци ќе бидат искористени само и единствено за спроведување на квизот, за одредување на победничката и доставување на подарокот.

Philips Lumea

Среќно!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.