Почетна » Убавина и мода » Лице » Домашни третмани за нега на мрсна кожа

Домашни третмани за нега на мрсна кожа

Постојано се обидувате да го отстраните сјајот на вашата кожа? Ви се чини дека вашето чело, носот и образите секогаш имаат непосакуван отсјај и за вас одржувањето на мат изглед на кожата е огромен предизвик? Ако одговоривте потврдно, најверојатно се соочувате со проблемот наречен мрсна кожа на лицето.

Мрсната кожа се карактеризира со видливи проширени пори и мрсен блесок, а на неа често се образуваат акни и митесери. Овој тип на кожа бара специјална нега. Во спротивно, изгледа неуредно и нечисто. За утеха, мрсната кожа има и позитивна страна – подолго време го задржува младешкиот изглед, затоа што ја зачувува својата еластичност и е помалку склона кон појава на брчки.

Жена со мрсна кожаМрсната кожа бара интензивна, но нежна нега

Дерматолозите советуваат дека најдобриот начин да ја негувате мрсната кожа е да ја третирате како чувствителна. Тоа значи: без употреба на алкохол, без миење со жешка вода и без агресивни пилинзи.

Следниве домашни третмани ќе ви помогнат да одржите привлечен изглед на мрсната кожа, со тоа што ќе ѝ пружите интензивна, но нежна нега:

Нежна ексфолијација

  • Бадеми и мед. Измешајте две лажици мелени бадеми со две лажици мед. Со помош на кружни движења нежно нанесете ја смесата на лицето. Не тријте силно! Оставете ја смесата да делува како маска 5-10 минути, а потоа измијте со млака вода.
  • Гел од алое вера и овесни снегулки. Направете смеса од 3-4 лажици овесни снегулки и малку гел од алое вера. Добро измешајте, а потоа нанесете ја смесата на лицето со нежни движења. Ако имате акни, не ја тријте кожата, туку само нанесете врз неа од смесата. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте со млака вода.

Хранливи маски

  • Зелена глина. Измешајте неколку лажици зелена глина со мало количество вода за да добиете густа паста. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја додека не се исуши, односно 20 минути. Потоа, додека го миете лицето со млака вода, нежно правете кружни движења. Малите зрнца на глината ќе дејствуваат како пилинг.
  • Краставица и лимон. Изрендајте половина краставица и со помош на газа исцедете една кафена лажичка сок. Додајте еднакво количество сок од лимон. Со помош на памук премачкајте го лицето со течноста 10 минути пред туширање. Мешавината од соковите од краставица и лимон не само што ќе ја освежи вашата кожа, туку и ќе ѝ помогне да се ослободи од непотребните маснотии.
  • Пивски квасец и јогурт. Измешајте една лажица пивски квасец во прав со малку јогурт за да добиете паста. Нанесете ја на лицето и оставете ја да дејствува 20 минути. Пивскиот квасец го намалува лачењето на маснотии и помага во борбата со акните.
  • Лимон. Измешајте еднакви количества сок од лимон и вода и ставете ја течноста во распрскувач. Затворете ги очите и напрскајте го лицето. Релаксирајте се со замижани очи додека не почувствувате дека кожата ви се исушила. Потоа, измијте го лицето со вода.
  • Солен спреј. Наполнете шише со распрскувач со вода и во него додајте една лажичка сол. Протресете го за да се раствори солта. Затворете ги очите и испрскајте го лицето со мало количество солен раствор, а потоа избришете го со суво марамче. Правете го ова неколку пати дневно и набрзо ќе забележите дека мрсниот сјај на лицето ќе се намали.
  • Домати. Изгмечете еден домат за да извадите од него што повеќе пулпа. Натопете памук и премачкајте го лицето. Оставете кожата да се исуши пред да се измиете со вода. Сокот од домат ќе го намали масниот блесок и ќе ги направи порите на лицето помалку видливи.

Дополнителни совети

Значително ќе ги намалите проблемите со мрсната кожа ако се придржувате кон следниве совети:

  • Мијте го лицето со ладна вода. Најмалку двапати дневно освежувајте ја кожата со ладна вода. Ладната вода ги затвора порите и на неагресивен начин ги чисти маснотиите.
  • Чувајте ја косата подалеку од лицето. Додека сте дома, држете ја косата фатена во коњско опавче. Често луѓето кои имаат мрсна кожа имаат и мрсна коса, па лесно маснотиите и нечистотијата од косата можат да преминат врз порите на кожата на лицето.
  • Не го допирајте лицето со рацете. Ако имате навика често да си го допирате лицето во текот на денот, сега е време да ја оставите во минатото. Со секое допирање вие само ја иритирате кожата и го стимулирате создавањето на акни и митесери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.