Почетна » Убавина и мода » Коса » 8 митови за негата на косата

8 митови за негата на косата

Прекрасна коса
Eдинствен лек за расцветените врвови е нивно потстрижување.

Мит 1. Честото потстрижување ја прави косата погуста.
Вистината: На густината на косата не влијаат надворешни фактори, како потстрижувањето. Но, честото потстрижување помага да ги отстраните расцветаните краеви. Тоа ја прави косата поздрава и посјајна. Затоа, не ги прескокнувајте посетите на фризер.

Мит 2. Косата не треба да се мие со шампон непосредно пред бојадисување.
Вистината: Кога косата не е чиста, вашиот фризер потешко може да одреди колку боја е потребно да нанесе. Бојата за коса полесно се нанесува и подобро се задржува на чиста коса. Ако имате чувствителен скалп и се плашите да не предизвикате иритација во процесот на бојадисување, тогаш најдобро е да ја миете косата многу внимателно без да го триете скалпот.

Мит 3. Кубењето на белите влакна води до создавање на повеќе нови.
Вистината: Ова дефинитивно е само мит. Побелувањето на косата е само еден дел од неизбежниот процес на стареење. Кај некои белите влакна се појавуваат порано отколку кај други. Белите влакна се резултат од отсуството на пигменти во фоликулата на влакното. Секое влакно има своја фоликула. Ако искубите едно бело влакно, влакната околу него нема да станат бели сè додека не исчезне пигментацијата од нивните фоликули. Кубењето на едно бело влакно, ќе доведе до израснување на само едно бело влакно на истото место (од истата фоликула).

Мит 4. Маскарата ги покрива белите влакна.
Вистината: Маскарата може да ви помогне да ги прикриете првите неколку бели влакна ако сè уште не користите боја за коса. За да го направите тоа користете малку маскара, затоа што во спротивно прикривањето ќе изгледа вештачки. Правете го ова само во итни случаи и имајте во предвид дека ова прикривање трае додека не ја измиете косата.

Мит 5. Мајонезот и маслиновото масло се добри регенератори за коса.
Вистината: Вистинскиот мајонез содржи масни киселини и протеини, кои што ја негуваат косата. Но, внимавајте при употребата на мајонез или маслиново масло како регенератор, затоа што многу тешко се отстрануваат од косата.

Мит 6. Сокот од лимон ја осветлува косата.
Вистината: Сокот од лимон минимално ја осветлува косата, но само ако по неговата употребата сте изложени на сонце. Овој природен начин за осветлување на косата се препорачува да го користат луѓето со светла коса. Ако имате кафеава или потемна коса, лимонот може да ви донесе портокалова нијанса. Ако сакате да ја смените бојата на косата, подобро е да користите боја за коса. Така вашата коса ќе има константна нијанса.

Мит 7. Пивото ѝ дава сјај на косата.
Вистината: Топлото изветреано пиво поставено во шише со прскалка е одличен лосион за придобивање на сјај на косата. Аромата од пивото исчезнува додека се суши косата. На тој начин вие добивате блескава коса.

Мит 8. Козметичките продукти можат да ви помогнат да ги отстраните расцветените врвови на косата.
Вистината: Некои продукти успеваат да ги прилепат расцветените врвови, но единствениот начин да се ослободите од нив е да ги потстрижете. За да ја заштитите косата од оваа непријатна појава, користете колку што е можно помалку преси за исправување или виткање на коса и фен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.