Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ја споделија првата официјална фотографија како младенци.
Среќниот српски пар со широка насмевка позираше на прославата која се одржа во вилата на мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ.
Шармантната пејачка блескаше во нежна креација во шампањ нијанса, додека славниот фудбалер носеше бела кошула и црни панталони.
„Штотуку венчани“ – напиша Анастасија во описот на фотографијата.
Претходно, Цеца сподели фотографија со младиот брачен пар.