Евровизија има нов победник. Nemo од Швајцарија триумфираше на музичкиот натпревар.
Во финалето кое се одржа во Малме, младиот музичар со „The Code“ освои вкупно 591 поен за да избие на врвот на листата.
Второто место остана за Хрватска, која беше претставувана од Baby Lasagna со „Rim Tim Tagi Dim“.
Минатогодишната победничка Лорин му го предаде трофејот на нејзиниот нов наследник.
Македонија и годинава не учествуваше.