Не е тајна дека Халовин (Ноќта на вештерките) е омилен празник на Хајди Клум.
Клум го промени својот изглед до непрепознатливост со помош на искусен тим за специјални ефекти.
За да го долови изгледот на Џесика Ребит, Хајди доби вештачки гради и задник, како и ново лице со огромни очи и полни усни.
Својата маска Клум ја покажа на холивудска забава која таа ја организира традиционално секоја година.
Клум на Instagram сподели и како течеа подготовките за популарниот маскенбал.