Лејтон Мистер и Адам Броди го очекуваат своето прво дете. Трудничкото стомаче ја издаде убавата тајна на парот, кој максимално се обидува да го зачува приватниот живот подалеку од медиумите.
29-годишната ѕвезда од „Gossip Girl“ и популарниот актер беа фотографирани во Лос Анџелес, а повеќе од очигледно е дека таа е во блажена состојба.
Мистер и 33-годишниот Броди се верија во ноември 2013 година, а во февруари минатата година се венчаа во тајност.