Пред неколку месеци „Playboy“ потврди дека Линдзи Лохан ја прифатила нивната понуда да се фотографира гола за списанието. Според информациите кои кружеа во медиумите, Линдзи за фотосесијата добила скоро милион долари.
25-годишната актерка пред неколку дена најави дека ќе ги презентира еротските фотографии во шоуто на Елен Деџенерис на 15 декември, но оние најљубопитните добија можност да ги ѕирнат сликите малку порано затоа што на интернет се појави насловната со голата Линдзи.
На фотографијата голата актерка седи на стол во форма на познатото лого на „Playboy“, кое ги покрива интимните делови на Лохан.
„Фотосесијата е апсолутно фантастична и направена со многу вкус, а ќе биде проследена со интервју кои ќе им дозволи на читателите да ја запознаат другата страна на Линдзи“ – изјавил нејзиниот гласноговорник.