Дарко Димитров ретко споделува семејни фотографии, но овој пат имаше специјален повод за да го направи тоа.
Македонскиот композитор објави фотографија со сопругата Маја и двете ќерки за матурата на ќерката Лана.
Сите членови на семејството позираат прегрнати.
Шармантната матурантка носеше тесен бел фустан.
На прославата беа присутни и Роберт Билбилов со девојката Лејла Рамковска. Роберт и Дарко постојано работат заедно на музички проекти.