Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Libercuatro tango ensemble го отвори Фестивалот на музика од светот во Битола

ФОТО: Libercuatro tango ensemble го отвори Фестивалот на музика од светот во Битола

Со концертот на Libercuatro tango ensemble, вечерва беше отворен Фестивалот на музика од светот во Битола.

Директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски, одржа краток говор, а Љубица Ангелкова го најави српскиот квинтет кој го означи стартот на 13-тото издание на музичкиот хепенинг.

Фестивалот на музика од светот

Талентираните музичари ја доловија магијата на танго музиката.

Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот Фестивалот на музика од светот

Селекторот Владимир Димовски годинава се одлучи за програма која ќе биде патување од танго, преку џез, до етно звуци од Балканот и македонски шлагери, како и вклучување на електронската музика во неофицијалната програма.

„Музиката ја има таа моќ да нè прошета низ минатото, сегашноста и иднината, да ни открие цели светови и да нè сокрие во еден подобар универзум. Нашиот фестивал силно ја прегрнува музиката од светот, и го отвора срцето на градот, претворајќи го во лулка на уметноста. Во трите фестивалски денови ќе се слеат различни музички правци, а нашиот фестивал ќе стане пристаниште на домашни и странски уметници кои го говорат универзалниот јазик на музиката“ – порачува Андоновска-Илијевски.

Утре ќе настапи Билјана Биља Крстиќ, придружувана од Камерниот оркестар на Битола, а последната музичка вечер ќе слушнеме македонски евергрини во изведба на Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски на концертот на Битолскиот дувачки оркестар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20922 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.