Ханде Ерчел како магнет ги привлекуваше сите погледи кон себе на amfAR галата во Кан.
На хуманитарната свеченост, 30-годишната турска актерка изгледаше атрактивно во прекрасна креација од Nicolas Jebran која одлично ја истакна нејзината витка фигура.
На црвениот тепих, таа беше придружувана од својот партнер Хакан Сабанчи.
Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно лето“ и „Чукни ми на врата“.