Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тамара Тодевска изостави дел од македонската химна, доби многу критики и јавно се извини

Тамара Тодевска изостави дел од македонската химна, доби многу критики и јавно се извини

Тамара Тодевска беше поканета да настапи на приемот по повод 4 јули во Амбасадата на САД во Скопје и ја доби честа да ја испее македонската химна пред присутните.

На настанот, 34-годишната пејачка изостави дел од денешна верзија на химната усвоена во 1991 и додаде стихови од старата химна.

По нејзината изведба следуваше лавина од критики од јавноста.

ВИДЕО

(Настапот на Тамара започнува на 2:30 во видеото.)

Делот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“, го замени со дел од старата оригинална верзија на химната „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“, а во делот каде се пее „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, Тамара испеа „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“.

По морето негативни коментари, Тодевска на социјалните мрежи јавно им се извини на македонските граѓани. Ова е нејзината порака:

Тамара Тодевска

Од Амбасадата на САД напишаа: „САД има длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги што синоќа го прославија Денот на независноста со нас. Разбираме дека во емотивните моменти грешките може ненамерно да се случат, но им благодариме на нашите пејачки за нивните прекрасни изведби.“

Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска Тамара Тодевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.