Рик Џенест си го одзеде животот. Моделот со тетоважи, познат како Зомби Бој, беше пронајден мртов во неговиот стан во Монтреал.
Рик се самоуби само неколку дена пред неговиот 33-ти роденден.
Џенест беше познат по спотот на Лејди Гага за песната „Born This Way“, па славната пејачка се збогува со својот пријател со порака на социјалните мрежи, со која исто така ги поттикнува сите оние кои имаат проблеми со менталното здравје да побараат помош.
„Мора да работиме понапорно за да ја промениме културата, да го поставиме Менталното здравје на прво место и да ја избришеме стигмата дека не можеме да зборуваме за тоа. Ако вие страдате, денес јавете му се на свој пријател или роднина. Ние мора да се спасуваме еден со друг“ – напиша Гага.
The suicide of friend Rick Genest, Zombie Boy is beyond devastating. We have to work harder to change the culture, bring Mental Health to the forefront and erase the stigma that we can’t talk about it. If you are suffering, call a friend or family today. We must save each other. pic.twitter.com/THz6x5JlpB
— Lady Gaga (@ladygaga) August 3, 2018
Рик за првпат се истетовирал на 16-годишна возраст, откако бил излечен од тумор на мозокот, а додека да наполни 19 години, целото тело си го имал покриено со тетоважи.
Познатиот канадски модел соработуваше со бројни врвни брендови и беше ангажиран за кампањи кои оставија голем впечаток врз публиката. Една од нив е кампањата за коректор за тело на брендот Dermablend, потсетете се: