Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Победниците на „Греми“ 2016: Тејлор Свифт и Кендрик Ламар со најмногу златни грамофони

Победниците на „Греми“ 2016: Тејлор Свифт и Кендрик Ламар со најмногу златни грамофони

Синоќешното 58. издание на „Греми“ ги собра во Стејплс центарот во Лос Анџелес најголемите ѕвезди од музичката индустрија. За време на најзначајната вечер во светот на музиката беа наградени најуспешните во годината што измина.

Кендрик Ламар ја заврши вечерта со најмногу освоени награди. Американскиот рапер беше номиниран во единаесет категории, а дома поведе пет златни грамофони, меѓу кои за Најдобар рап албум за „To Pimp a Butterfly“, Најдобра рап песна за „Alright“ и Најдобра рап изведба.

Кендрик Ламар

Тејлор Свифт победи во три категории, а беше номинирана во седум. Сепак, 26-годишната пејачка имаше огромен повод за славење затоа што стана првиот женски изведувач во историјата кој двапати ја има освоено наградата Албум на годината. Свифт победи во таа категорија во 2010 година со „Fearless“, а оваа година со „1989“. Златни грамофони завршија во рацете на Свифт и за победата во категориите Најдобар вокален поп албум и Најдобро музичко видео за „Bad Blood“.

Тејлор Свифт

На Ед Ширан му припадна честа да ја прими наградата за Песна на годината за „Thinking Out Loud“, а за нејзината изведба победи и во категоријата Најдобра соло поп изведба.

Ед Ширан

Златниот грамофон за Запис на годината им припадна на Марк Ронсон и Бруно Марс за песната „Uptown Funk“. Меган Трејнор беше прогласена за Најдобар нов изведувач.

Марк Ронсон и Бруно Марс Меган Трејнор

КРАТКА ЛИСТА НА ПОБЕДНИЦИ

Record of the Year: „Uptown Funk“ – Mark Ronson, featuring Bruno Mars
Album of the Year: „1989“ – Taylor Swift
Song of the Year: „Thinking Out Loud“ – Ed Sheeran and Amy Wadge (Ed Sheeran)
Best New Artist: Meghan Trainor
Best Pop Solo Performance: „Thinking Out Loud“ – Ed Sheeran
Best Pop Duo/Group Performance: „Uptown Funk“ – Mark Ronson, featuring Bruno Mars
Best Pop Vocal Album: „1989“ – Taylor Swift
Best Dance/Electronica Album: „Skrillex and Diplo Present Jack Ü“ – Skrillex and Diplo
Best Rock Performance: „Don’t Wanna Fight“ – Alabama Shakes
Best Rock Song: „Don’t Wanna Fight“ – Alabama Shakes (Alabama Shakes)
Best Rock Album: „Drones“ – Muse
Best Traditional Pop Vocal Album: „The Silver Lining: The Songs of Jerome Kern“ – Tony Bennett & Bill Charlap
Best R&B Album: „Black Messiah“ – D’Angelo and the Vanguard
Best R&B Song: „Really Love“ – D’Angelo & Kendra Foster (D’Angelo and The Vanguard)
Best R&B Performance: „Earned It (Fifty Shades of Grey)“ – the Weeknd
Best Rap Album: „To Pimp A Butterfly“ – Kendrick Lamar
Best Rap Song: „Alright“ – Kendrick Duckworth, Kawan Prather, Mark Anthony Spears and Pharrell Williams (Kendrick Lamar)
Best Rap Performance: „Alright“ – Kendrick Lamar
Best Rap/Sung Collaboration: „These Walls“ – Kendrick Lamar, featuring Bilal, Anna Wise and Thunderca
Best Urban Contemporary Album: „Beauty Behind The Madness“ – The Weeknd
Best Country Song: „Girl Crush“ – Hillary Lindsey, Lori McKenna and Liz Rose (Little Big Town)
Best Country Album: „Traveller“ – Chris Stapleton
Best Music Video: „Bad Blood“ – Taylor Swift, featuring Kendrick Lamar

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20904 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.