Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најголем победник на вечерта: Калиопи доби три награди на Златна бубамара и отпеа свои големи хитови

Најголем победник на вечерта: Калиопи доби три награди на Златна бубамара и отпеа свои големи хитови

Синоќа, Калиопи Букле беше најголемиот победник на 28-мото издание на Златна бубамара на популарноста.

58-годишната музичка дива доби три награди и со својот моќен глас отпеа повеќе свои хитови. Нашата музичарка се закити со Златна бубамара за најдобра Пејачка, Албум и Поп концерт за 2024 година.

На сцената во преполната арена „Борис Трајковски“, Калиопи се појави во зелен костум и ја одушеви публиката со изведба на „Бато“, „Остани мој“, „Дона“, „Не плачи“, „Не заборавај“, „Црно и бело“ и „Остани во мене“.

Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле

Наградата за Албум на 2024, Калиопи му ја посвети на својот поранешен сопруг, кој со децении е нејзин верен соработник и пријател, Ромео Грил. Признанието Поп концерт на 2024, таа ѝ го на посвети на својата публика.

Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле Калиопи Букле

Фотографии: Благоја Цоканов / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23070 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.