Ламбе Алабаковски со семејството присуствуваше на церемонија во црквата Света Софија во Охрид.
Македонскиот пејач сподели фотографија со своите најмили на социјалните мрежи. На неа, тој позира со сопругата Магдалена и двете синчиња Михаил и Димитриј.
„Моите најмили!“ – напиша Ламбе.
Ламбе и Магдалена се во брак 11 години. Тие го добија синот Михаил во 2014 година, додека нивното синче Димитриј се роди во 2020 година.