Ирина Шајк речиси секојдневно е следена од папараците и фотографирана додека ја зема својата ќеркичка од училиште.
Атрактивната Русинка беше „уловена“ со слатката Леа и нивното кученце во Њујорк. На фотографиите, 38-годишната манекенка изгледа шик во зелен костум и патики.
Седумгодишното девојче го водеше црното кученце со поводник.
Ирина и Леа беa на краток заеднички одмор. Таа сподели фотографии на Instagram на кои позираат на плажа.