Кети Пери ја разигра публиката на Super Bowl. За време на краткиот спектакл, музичката ѕвезда изведе динамичен микс од своите најголеми хитови, а на сцената доби поддршка и од Лени Кравиц и Миси Елиот.
13-минутното шоу започна со „Roar“ и „Dark Horse“, продолжи со „I Kissed a Girl“ со Лени Кравиц, па следуваа „Teenage Dream“ и „California Gurls“. Миси Елиот придонесе за енергичниот настап со „Get Your Freak On“, „Work It“ и „Lose Control“.
На крајот Пери леташе над стадионот додека ја изведуваше популарната „Firework“.