Александра Јанева со вереникот Иван Ангелов уживаа на роденденско патување во Хрватска.
Македонскиот пар го посети Дубровник и сподели фотографии и видео од своето патување. Јанева таму го прослави својот 29-ти роденден и на Instagram напиша:
„Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара“.
„Хрватска во мај“ – стои во описот на видеото на Александра.
Јанева и Ангелов се верија во ноември минатата година, кога тој ја запроси пред Ајфеловата кула во Париз.