Новата маска од Lush е инспирирана од постојаната потреба за мирен сон и здрава, негувана кожа. Регенеративните масла помешани со билки ја смируваат кожата и ја прават како свила. Маската содржи вербена и корен од валеријана екстрахирани во мед, збогатени со масло од лавандаза смирена кожа и смирен ум. Органското масло од авокадо, маслото од пченични никулци и илип путерот ја негуваат и длабински ја хидрираат кожата.
„Содржи состојки од кои се направени соништата.“
Beauty Sleep ги регенерира клетките и ја подобрува еластичноста на кожата со масло од нероли и смола од мирта. За тонирана кожа, за здрав и свеж изглед маската е полна со свежо исцедени сокови од: ананас, портокал и лимон. Ботаничкиот гел од ленено семе и дивизма со мед, свежата емулзија од кокос, како и една лажичка од Gorgeous кремот за лице (најпопуларниот Lushкрем за лице) ја прават оваа маска да биде вистински благодет за кожата и умот.
Сè што ви треба по напорниот ден е да ја наполните кадата, да пуштете релаксирачка музика и да нанесете убав слој од маската, оставете ја да делува 10 минути. Време е за вистинско уживање со Beauty Sleep, вегетаријанска маска за лице и тело која дава врвна нега и луксузна хидратација од раскошни состојки.
Произведена од Lush - свежа, рачно направена козметика.
Комерцијален текст