Шакира ги покажува своите танцувачки вештини во спотот за „Deja vu“, песната која ја сними во соработка со Принц Ројс.
Во видеозаписот, 40-годишната пејачка танцува бачата, танц кој потекнува од Доминиканската Република, а на крајот неа ѝ се придружува и 27-годишниот пејач.
За само 24 часа, спотот беше прегледуван над 8 милиони пати на YouTube.
„Deja vu“ е дел од новиот студиски албум на Ројс, насловен „Five“.
Пред да биде објавен спотот, Шакира на Instagram споделуваше видеа од „зад сцената“.