Соработката на Енрике Иглесијас и Питбул често резултира со големи музички хитови. Славното дуо пред еден месец го објави новиот сингл „Messin’ Around“, а сега сподели и видеозапис за истиот.
Во спотот, 41-годишниот пејач и 35-годишниот рапер се забавуваат со згодни девојки.
„Messin’ Around“ е дел од десеттиот студиски албум на Питбул „Climate Change“.
Музичките ѕвезди зад себе имаат многу заеднички хитови како „I Like It“, „I'm a Freak“, „I Like How It Feels“ и „Come N Go“.
Иглесијас на 20 јуни ќе одржи свој концерт во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.