„Meet Me In The Pale Moonlight“ е новата песна на Лана Дел Реј која непланирано „истече“ на интернет.
Песната била напишана од самата пејачка пред четири години за друг музичар, но Лана не откри за кој точно станува збор.
„Meet Me In The Pale Moonlight“ нема да се најде на новиот албум на Лана Дел Реј кој треба да биде пуштен во продажба годинава. Првиот сингл од албумот „Ultraviolence“ е насловен „West Coast“, но сѐ уште не се знае кога ќе имаат можност да го чујат фановите на музичката ѕвезда.