Почетна » Новости » Мода » Џесика Алба: 6 модни парчиња за секој женски плакар

Џесика Алба: 6 модни парчиња за секој женски плакар

Одредени парчиња облека се основата на секој женски плакар и вреди во нив да се инвестира малку повеќе. Џесика Алба за списанието „Women’s Health“ откри кои модни парчиња се задолжителни во женската гардероба.

Џинс јакна

„Некои години не е во мода, но секогаш се враќа. Сакам кога е потесна и точна за да ја носам со развеани фустани и здолништа. Исто така, никогаш не можете да погрешите со кожена моторџиска јакна – шик.“

Изборот на Џесика Алба Изборот на Џесика Алба

Убаво палто

„Во текот на половина година луѓето ја гледаат само вашата надворешна облека. Барајте квалитетно шиено палто со големи копчиња и убава постава.“

Изборот на Џесика Алба Изборот на Џесика Алба

Мало црно фустанче

„За љубовен состанок или за вечерно излегување со пријателите.“

Изборот на Џесика Алба Изборот на Џесика Алба

Неутрални маички

„Пронајдете ги оние коишто одговараат на вашето тело. Потоа купете тон во бела, сива, црна и пудра боја и носете ги под сè.“

Изборот на Џесика Алба Изборот на Џесика Алба

Совршените фармерки

„Избегнувајте откачени шевови и светкави детали на задните џебови. Убаво е малку да се растегливи затоа што ќе ги гушкаат вашите облини. Моментално најмногу сакам фармерки во машки крој (boyfriend jeans). Многу се комфорни и можеш да ги носиш со штикли.“

Изборот на Џесика Алба Изборот на Џесика Алба

Лесно сако како кроено за вас

„Со тегет или црно лесно сако на едноставен начин можете да покажете стил. Комбинирајте го со фустан со А-линија, макси здолниште или маичка, или пак маичка без ракави и фармерки.“

Изборот на Џесика Алба Изборот на Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20824 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.