Хејли Бибер ја продлабочува соработката со Џими Чу. 24-годишниот модел сними нова кампања за познатиот бренд за обувки.
Сопругата на Џастин Бибер позираше во гламурозни вечерни стајлинзи пред објективот на Пјер-Анге Карлоти.
„Гламурозна, секси, смела и самоуверена. Хејли го отелотворува духот на зимската колекција. Ги сакам нејзината енергија, стилот и вродената самодоверба. Среќна сум што повторно соработувавме за заедно да создадеме толку прекрасна кампања“ – изјавила Сандра Чои, креативна директорка на Џими Чу.