Џими Чу со гламурозен едиторијал ги намамува дамите да размислуваат за претстојните празнични забави.
Префинета елеганција за магија во секој чекор, класични модели за совршена доза модерна женственост, неочекувани бои за идеално освежување на омилениот коктел фустан, блескав финиш... празничната понуда на популарниот бренд го заробува погледот и ја развиорува фантазијата.
Минијатурните чантички во правоаголни форми служат како гламурозен акцент на секоја стилска комбинација за веселите ноќи.