Идните невести со романтична душа лесно ја пронаоѓаат својата венчаница во новата колекција од линијата „Bliss“ на Моник Лулие.
Невестинските фустани од колекцијата 2015 пленат со класична елеганција и модернистички детали. Нежни бежови и розови нијанси се вметнати во креациите богати со тул и чипка и декорирани со цветни апликации.
Забавната фотосесија била снимена во Лос Анџелес под диригентската палка на фотографката Колина Ренмистер.