Катарина Ивановска изгледа елегантно и женствено на фотографиите за каталогот на престижната американска стоковна куќа Bloomingdale's. Македонската манекенка презентира фустани, елегантни блузи и палта од брендови како Calvin Klein, Armani, Karen Kane, T Tahari и DKNYC.
23-годишната бринета позира во кратки и долги макси цветни фустани, кратки фустани инспирирани од елеганцијата на 50-тите, фустани со строги кроеви и едноставен дизајн, провидни блузи и модерно црно палто на познатата модна куќа Армани.