Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Инспиративни дами кои стареат со стил

ФОТО: Инспиративни дами кои стареат со стил

Напредната возраст не е пречка за некои дами при негувањето на специфичен стил на облекување. Храбрите и креативни дами кои ги обединува блогот „Advanced Style“ изненадуваат и шармираат со комбинации зачинети со ексцентричност и колоритен поглед кон животот.

Сите тие имаат над 60 години и не ја кријат својата љубов кон модата и страста за стилски новитети. Зад несекојдневниот блог стои фотографот Ари Сет Коен кој вели: „Жените кои ги фотографирам знаат што сакаат, знаат што им одговара на телото и се облекуваат за себе. Не се облекуваат базирајќи се на трендови.“

Популарноста на блогот го поттикна Ари, кој „лови“ модерни дами на улици и низ паркови, да издаде книга со најдобрите фотографии, а сега тој го промовира и првиот документарен филм за осум од неговите бестрашни модни експериментаторки.

Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style Advanced Style

Возрасните дами со богато животно искуство честопати споделуваат и совети кои вреди да се прочитаат.

„Твоето тело ти е најдобар пријател на светот. Сметам дека луѓето очекуваат премногу од себе, а тоа не води кон среќа. Го пропуштате половина свој живот додека се обидувате да бидете совршени“ – вели 94-годишната Илона Ројс Смиткин.

„Биди повеќе, изгледај помалку. Не се плаши да кажеш колку години имаш, тоа е глупаво. Биди горда на својата возраст“ – вели 99-годишната Роуз.

„Не носи само марка, носи го она што изгледа добро на тебе... Креирај сопствен стил. Можеш да носиш нешто тренди одвреме-навреме, но носи го она што ти прилега.“

Трејлер за филмот „Advanced Style“:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.