Лили Олдриџ се разголи за „Maxim“. Ангелот на Victoria’s Secret позираше пред фотографот Жил Бенсимон за априлското издание на машкото списание.
Во интервјуто за списанието, 29-годишната манекенка изјавила дека не сака целосно да се разголува за фотосесиите. „Многу сум внимателна за тоа. Уживам да се чувствувам секси и убаво, само не мислам дека сите треба да видат сè“ – рекла таа.
Олдриџ признала дека не се чувствува пријатно кога некој ја нарекува секс симбол. „Не се гледам себеси како предмет кој луѓето страсно го посакуваат. Повеќе ми годи кога некој мисли дека сум шеговита“ – додала таа.