Алис Барбиер и Џејмс Рокус се пар кој будно ги следи сите вести поврзани со модата и е присутен на многу модни случувања.
32-годишната Французинка и нејзиниот партнер секогаш внимаваат стилските избори да им бидат координирани, па затоа привлекуваат внимание каде и да се појават.
„Нашата авантура започна пред 5 години, кога живеевме во Лос Анџелес и имавме желба да го споделуваме нашиот секојдневен живот додека бевме далеку од семејството и пријателите. Охрабрени од нашите читатели и ентузијазмот, продолживме со авантурата и по нашето враќање во Париз. И двајцата сме модни ентузијасти, па идејата да имаме заеднички блог ни изгледаше забавна. Ги споделуваме нашите модни фаворити, нашите патувања и нашиот мал париски живот“ – пишува на нивниот блог.