Почетна » Новости » Мода » Модна инспирација: 56-годишна блогерка со уникатен стил

Модна инспирација: 56-годишна блогерка со уникатен стил

Роз Каур е доказ дека стилот само се подобрува со годините.

56-годишната стилистка постојано споделува смели модни комбинации охрабрувајќи ги жените да развиваат свој автентичен стил. Како личност која повеќе од 30 години работи во модната индустрија, советите на Роз се добредојдени за сите вљубенички во модата.

Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур

Дамата со уникатен стил е категорична дека треба да им се придаде поголемо значење на модните додатоци кога се осмислува еден стајлинг.

„Верувам дека модните додатоци ја прават жената. Нереално е како очилата, шапките, накитот и марамите можат да направат вашиот аутфит да кажува нешто сосема друго од она што го кажувал пет минути претходно“ – вели таа.

Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур

Роз не е робинка на трендовите и не дозволува возраста да ја спречи да експериментира со облеката. Всушност, таа започнала да го живее животот до максимум по нејзината 50-та година.

„Спаѓам во категоријата жени кои започнаа да го живеат животот по 50-тата година... Време за истражување и следење на нивните страсти. Се потсетувам на цитат од Јоко Оно, која рече: ‘Некои луѓе се стари на 18, а некои се млади на 90. Времето е концепт создаден од луѓето’. И навистина е така“.

„Стилот не е определен од твојата големина или возраст, туку од твоето однесување и твојата способност да склопуваш аутфити кои одговараат на твојот уникатен вкус“.

„Стилот за мене е уметност. Мојата облека и начинот на кој ја склопувам и на кој експериментирам со неа е продолжение од она што сум внатрешно. Не следам трендови... Ги сакам безвременските парчиња. Не сум за квантитет, туку за квалитет“ – вели Каур.

Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур

Кога би можела да ѝ даде неколку совети на својата помлада верзија, Роз би ѝ рекла:

„Биди она што си! Следи ги твоите страсти и работи напорно, бидејќи среќата се создава кога подготовката се среќава со можноста. Запомни, нема да станеш она што го сакаш, ќе станеш она во што веруваш“.

Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур Роз Каур

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.