Новата колекција венчаници на Milla Nova ги бранува фантазиите на идните невести, давајќи им инспирација како да изгледаат како кралици на нивниот специјален ден.
Впечатливите детали се среќаваат со драматичните силуети во невестинската колекција „Royal“ за 2022 година. Прекрасните креации го одземаат здивот и освојуваат на прв поглед.
Голем дел од моделите со помош на додатоци целосно можат да се трансформираат. Погледнете ги фустаните на украинската модна куќа кои изобилуваат со луксузен гламур: