Девојките кои тежнеат по шик изглед ќе бидат освоени од најновите модни парчиња кои ги нуди Zimmermann.
Лелеави фустани, карнери, цветни принтови и ведри бои преовладуваат во новата ресорт колекција на австралискиот бренд која беше презентирана со фотосесија.
„Од почетокот се насочивме кон љубовта и семејството, кон убавите времиња и одморите, обидувајќи се да создадеме расположение преку силуети, принтови и бои. Претпоставуваме дека е премногу оптимистички да гледаме кон тоа бегство во иднината, но веруваме дека нè очекуваат уште многу убави периоди“ – изјавиле сестрите Ники и Симон Зимерман, кои стојат зад брендот.