Адријана Лима во блескав стајлинг шармираше на премиерата на серијата „The Offer“ во Лос Анџелес.
40-годишната Бразилка носеше тесен црн фустан со висок шлиц и гордо покажуваше кон трудничкото стомаче.
Лима, која е во последниот триместар од бременоста, беше придружувана од нејзиниот партнер Андре Лемерс.
Пред два дена, убавиот модел сподели видео во кое откри дека очекува момче. Ова ќе бидете трето дете на Лима, која има две ќерки со поранешниот српски кошаркар Марко Јариќ.