Почетна » Новости » Мода » 25 години секогаш повеќе: Sara Fashion го одбележува јубилејниот роденден

25 години секогаш повеќе: Sara Fashion го одбележува јубилејниот роденден

Оваа година, добро познатата македонска компанија Sara Fashion, прославува 25 години постоење. Под мотото „25 нијанси розово“ ќе се одбележи јубилејниот роденден, на 6 април, во „Дајмонд мол“, од 19 часот.

Sara Fashion веќе 25 години расте, се менува и поставува нови трендови. Со широка палета на производи и посветеност во квалитет на изработка, Sara fashion важи за еден од најпознатите брендови во земјата. Од многуте кампањи и фотосесии до проширување на брендот со Sara fashion Home, каде што можете да ги најдете сите потребни работи за вашиот дом и стилски да го уредите, Sara fashion неуморно се докажува.

Денес, Sara fashion има повеќе од 300 вработени, вкупно 79 продажни објекти и 3 големопродажни објекти во земјава и во Србија. Компанијата има задоволни и лојални купувачи во двете земји, кои лесно се поврзуваат со идејата за брендот и му веруваат.

Sara Fashion

Работата и посветеноста на Sara fashion беа препознаени и од Warner Bros. Така, Sara fashion станува првата компанија на Балканот која добива лиценца и ги носи омилените цртани херои на своите производи, а со тоа носи и доза разиграност во линијата производи.

Покрај својот сопствен бренд, Sara fashion се ексклузивни застапници на познати брендови како: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Milano.

Sara Fashion

Изминативе години компанијата бележи многу успеси меѓу кои и лансирање на нова, модерна веб-страница, многубројни кампањи за различни производи (пижами, чорапи, долна облека, костими за капење, Warner Bros колекции) а како една од повпечатливите е фотосесијата со познати модели костими за капење Sara fashion која беше направена во Дубаи.

Sara Fashion

За овие 25 години Sara fashion креира свој личен индентитет, естетика, ја менува динамиката на пазарот и постојано реализира нови идеи.

Сето ова и многу повеќе е причина да се прослави јубилејот како што му доликува на еден реномиран бренд. Под мотото „25 нијанси розово“ ќе се одблежи јубилејниот роденден, на 6 април, во „Дајмонд мол“, приземје, од 19 часот. Настанот ќе започне со впечатлива модна ревија, на која присутните ќе имаат можност да уживаат во моделите од различни колекции на Sara fashion и да погледнат што сè нуди овој бренд. По ревијата ќе има и коктел-забава со бендот Blackberries од Србија.

Sara fashion ги поканува клиентите и соработниците да се придружат на вечерта на модната ревија и да го прослават успешниот 25-годишен јубилеј, заедно сведочејќи на уште еден важен момент во историјата на постоење на брендот.

Секогаш повеќе!

Настанот е дел од манифестацијата Fashion Festival.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.