• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Темното чоколадо добива статус на „суперхрана“

7 февруари 2011, 12:52
  • cподели

Темното чоколадо изобилува со антиоксиданси и научниците веќе го класифицираат како суперхрана.

Ново истражување покажало дека темното чоколадо е побогато со антиоксиданси од соковите на некои плодови како боровинки и малини, кои веќе се нарекувани суперхрана.

Темно чоколадоТемното чоколадо изобилува со антиоксиданси кои го заштитуваат телото од рак и срцеви болести

Научници од Пенсилванија ја споредувале количината на антиоксиданси во сокови од боровинки, малини и калинки со количината на антиоксиданси во темното чоколадо, какаото и топлото чоколадо.

Темното чоколадо се појавило на врвот на листата според антиоксидансите кои ги содржи, а се покажало и дека какаото има повеќе антиоксиданси од овошните плодови. Од друга страна, течното чоколадо останало на дното на листата, затоа што во текот на загревањето се губат антиоксидансите.

Антиоксидансите се корисни затоа што се борат против слободните радикали во телото и помагаат во заштитата од рак и срцеви болести.

Семето од какао треба да се смета како „супер плод“, а продуктите направени од семето на какаото, како што е природното какао во прав и темното чоколадо, за „суперхрана“ – изјавила д-р Дебра Милар, којашто го предводела истражувањето.

Експертите се согласуваат дека какаото е одлично за здравјето, но предупредуваат дека чоколадото содржи и многу шеќер и масти и затоа треба да се консумира умерено. Според нив, најдобро е да се купува чоколадото кое има највисок процент на какао.

Tags
чоколадо
суперхрана

Најнови

  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Адвентски календари од dm

    Празнична магија со адвентските календари од dm – совршениот подарок за секого!

    Fri, 12/12/2025 - 14:35
  • „Ѕид на љубезноста“: Улични „катчиња“ во Шведска за топла облека за оние кои не можат да си дозволат

    Fri, 12/12/2025 - 14:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.