Почетна » Новости » Истражувања » Страсната љубов ја намалува физичката болка

Страсната љубов ја намалува физичката болка

Страсната интензивна љубов ефективно ја намалува физичката болка, тврдат научниците. Тие откриле дека страста која се појавува меѓу партнерите на почетокот на врската ја блокира физичката болка на сличен начин како што тоа го прават лековите против болка и дрогата.

Заљубен пар Страста која се појавува меѓу партнерите на почетокот на врската ја блокира физичката болка

Во истражувањето учествувале осум жени и седум мажи. Секој од нив бил во почетна фаза на врската (до 9 месеци). Од учесниците било побарано да донесат слика од своите партнери и слика од пријател кој го сметаат за привлечен.

„Намерно се фокусиравме на раната фаза од страсната љубов. Сакавме учесниците да се чувствуваат еуфорично, опсесивно да мислат на своите партнери и да копнеат за нивното присуство“ – изјавил проф. Шон Макеј, кој го предводел истражувањето.

На секој учесник истражувачите му причинувале мала болка на рацете и им ги покажувале сликата од партнерот и сликата од згодниот пријател. Во меѓувреме бил скениран нивниот мозок.

Истражувањето покажало дека чувството на љубов, кое било побудено додека учесниците гледале во сликата од нивниот сакан, значително ја намалува болката. Кога учесниците гледале во сликата од згодниот пријател не се појавувал истиот ефект.

Скенирањата покажале дека ефектот од љубовта може да се спореди со тој на морфиумот и кокаинот, коишто ја активираат областа од мозокот задолжена за чувството за награда. Тоа е истата област што се активира кога луѓето ќе добијат многу пари.

„На крајот се покажа дека областите од мозокот кои се активираат со интензивната љубов се истите тие кои лековите ги користат за да ја намалат болката“ – објаснил д-р Артур Арон кој ја проучува љубовта веќе 30 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.