Почетна » Новости » Истражувања » Живејте во сегашноста за да бидете среќни

Живејте во сегашноста за да бидете среќни

Можеби ви е пријатно да одлетате со своите мисли некаде на друго место додека правите нешто досадно, но научниците предупредуваат дека со тоа го намалувате нивото на среќа.

Истражување на престижниот Универзитет Харвард покажа дека луѓето кои се фокусирани на она што го прават во моментот, без разлика колку е тоа досадно и неинтересно, се посреќни од луѓето кои мислат на нешто сосема друго.

Замислена женаЛуѓето најмалку мислат на други нешта додека имаат секс

Иако еден од најчесто добиваните совети за подобро живеење е советот да живееме во сегашноста, истражувањето покажало дека луѓето сонуваат со отворени очи скоро половина од времето кога се будни.

Најчесто луѓето летаат со мислите додека практикуваат активности за лична нега и хигиена, како миење на забите и туширање. А најмалку мислат на други нешта додека имаат секс.

Истражувачите преку технологија разработена за мобилни телефони контактирале со повеќе од 2000 луѓе неколку пати дневно за да дознаат како се чувствуваат, што прават, колку се среќни и дали се фокусирани на она што го прават или нивните мисли се на друго место.

Тие откриле дека учесниците стануваат понесреќни откако ќе сонуваат со отворени очи, дури и да мислат за нешто пријатно и убаво.

Исто така, било откриено и дека луѓето се најсреќни додека вежбаат, разговараат и имаат секс, а се најнесреќни додека работат и додека го користат домашниот компјутер.

Заборавете за она што се случило, престанете да мислите што може да се случи и фокусирајте се на она што го правите во моментов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.