Почетна » Новости » Истражувања » 6 најочигледни научни „откритија“ за 2010

6 најочигледни научни „откритија“ за 2010

Секојдневно се објавуваат резултати од истражувања кои помагаат подобро да се разбере човечкото однесување или такви кои помагаат во напредокот на медицината. Но, често се прават и истражувања кои го потврдуваат она што е очигледно.

Истражување

Еве ги најочигледните заклучоци од истражувања направени минатата година кои само потврдија работи што сите ги знаевме:

  1. Келнерките со поголеми гради добиваат поголем бакшиш. Минатата пролет професор од Универзитетот Корнел објави истражување кое открило дека келнерките со поголеми гради добиваат поголеми бакшиши. Истражувањето уште потврдило дека поголем бакшиш исто така добивале и послабите и русокосите келнерки.
  2. Мажите никогаш не престануваат да сакаат секс. Во декември 2010, австралиски научници објавиле дека сексот им е важен на скоро половината од мажите на возраст од 75 до 95 години и дека повеќето од нив би сакале да имаат секс почесто отколку што имаат.
  3. Момчињата сакаат да си играат со автомобили, а девојчињата со кукли. На годишната конференција на Британската психолошка асоцијација, лондонски истражувачи објавија дека на момчињата им е вродено да сакаат да си играат со автомобили, а на девојчињата со кукли.
  4. Надворешниот изглед е важен за женските музички ѕвезди. Истражувањето покажало дека она што го носат женските музички ѕвезди при настап, влијае на тоа како публиката ќе го прими нивниот настап. Доволно е да се погледне Лејди Гага за да се донесе ваков заклучок.
  5. Мажите поверојатно би качиле автостоперки со големи гради. Според француско истражување, големината на градите е важна не само за келнерките, туку и за оние кои решаваат да патуваат со автостоп. Жените со големина на градите C имаат 10% поголеми шанси да добијат превоз од машките возачи во споредба со жените со чашка А.
  6. За време на викенд, луѓето се чувствуваат најдобро. Истражувачите дошле до заклучок дека луѓето се чувствуваат најдобро од петок до недела навечер, а најлошо додека работат. Па, можеле едноставно да го прашаат првиот човек што ќе го сретнат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20834 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.