Почетна » Новости » Занимливости » Фотографка прикажува како навистина изгледа телото на новите мајки без Фотошоп

Фотографка прикажува како навистина изгледа телото на новите мајки без Фотошоп

Фотографка преку реалистични и интимни фотографии покажува како навистина изгледа телото на мајките по породувањето, со идејата да им ја зголеми самодовербата на жените, да ја истакне убавината на промените низ кои поминува телото во текот на бременоста и доењето и да покаже дека женското тело доаѓа во секакви големини и форми.

Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“

Лилијана Табоас, мајка на две деца, го создала проектот „Divine Mothering“ за да ги охрабри своите „колешки“ (мајките) да се помират со изгледот на нивните тела и да се сакаат токму онакви какви што се. „Сфатив дека можам да ја искористам фотографијата како алатка за да им помогнам да жените да се видат себеси во поразлично светло“ – вели Лилијана. „Се обидувам да ја доловам убавината на чистата мајчинска љубов како и гордоста, бестрашноста и самодовербата“ – додава таа.

Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“

Талентираната фотографка го насочува својот објектив кон мајки со новороденчиња, бебиња и мали деца и ги објавува интимните фотографии на својот сајт. „Сакам жените да дојдат тука и да сретнат други жени, да можат да видат како навистина изгледа мајчинството. Сакам да создадам друштво, систем на поддршка, позитивна сила која ќе се бори со негативноста со која некогаш бевме опкружени“ – пишува таа.

Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“

Лилијана се труди да ги разбие стереотипите за тоа како треба да изгледа женското тело и да им покаже на луѓето дека тоа е неверојатно. „Се надевам дека сите ќе ја видат светлината која зрачи од секоја од мајките. Се надевам дека луѓето ќе видат колку се тие убави. Онакви какви што се. Се надевам дека ќе видат колку се неверојатни нивните тела и што постигнале. Се надевам дека ќе ја видат силата, нивната бестрашност и смелоста да учествуваат“ – додава таа.

Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“ Проект „Divine Mothering“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.