На оние со подлабок џеб кои не се задоволуваат само со модните додатоци и облеката од италијанскиот бренд Версаче, сајтот Versace Home им нуди луксузни предмети за уредување на домот.
Меѓу многуте чинии, филџани, свеќи, огледала, ламби, вази и перници, се издвојува колекцијата Vanitas Armchair која се состои од два луксузни стола.
Столовите се обложени со кадифе и дезенирани со принт во Барок стил, а украсени со декорации од 24 каратно злато. Секој од нив чини по речиси 6000 долари.
Според Elle, раскошните столови биле дизајнирани од самиот Џани Версаче во 1994 година.