За момент ќе заборавите на грижата за линијата на телото кога ќе ја погледнете најголемата чоколадна скулптура направена досега. По повод 30-годишното постоење, компанијата Qzina Specialty Foods направи чоколадна верзија на храмот Кукулкан и влезе во Гинисовата книга на рекордите.
Скулптурата е правена според храмот на Маите, Кукулкан во Чичен Ица, а тежи повеќе од 8.270 килограми.
За да биде направено чоколадното дело, биле потребни 400 часа, а неговите „градители“ биле толку прецизни што чоколадната верзија е сосема идентична на оригиналниот храм. Чоколадната скулптура има ист број на скалила, а е точно една триесеттина од популарниот храм на Маите.
Компанијата избра да ја направи скулпурата во чест на Маите бидејќи се смета дека оваа античка цивилизација играла многу важна улога при откривањето на чоколадото. Маите биле меѓу првите кои започнале да одгледуваат какао.