Јуухуу, пролетта – најубавото годишно време во годината – е веднаш зад аголот. Но, о, не, тоа значи дека пролетното чистење – најстрашната работа во годината – е, исто така, зад аголот. Расчистувањето и чистењето на вашиот дом може да бидат исцрпувачки, не само поради обемот на работата туку и затоа што може да чинат цело богатство. Но, тоа не мора да биде така. Пролетајте во акција со следните совети кои ви ги дава Gorenje, а кои ќе ви заштедат време и пари!
1. Направете план
Никогаш не можеме доволно да го нагласиме следново – планирањето е клучно (ако не сакате да бидете под стрес со чистењето). Направете попис на областите на кои најмногу им треба внимание при пролетното чистење и направете список на потребните средства за чистење. Ова ќе ви помогне да избегнете купување непотребни производи и да се придржувате до вашиот буџет.
2. Расчистување на вашиот плакар
Често запоставен, но важен чекор во пролетното чистење е расчистувањето на вашиот плакар. Разгледајте ја целата облека што ја поседувате и одвојте ја облеката што не сте ја носеле подолго време.
Може да ја донирате или да ја продадете облеката што не сте ја носеле со векови, така што таа нема да заврши на депониите и на тој начин ќе направите нешто добро за животната средина додека ја исполнувате вашата мисија на расчистување. Старите маици можете да ги користите и како крпи за чистење. Или наоѓајќи ја облеката која сте заборавиле дека воопшто некогаш сте ја носеле, облечете ја повторно наместо да купувате нова. Ако облеката предолго била заборавена во плакарот, Gorenje машините за перење со функцијата SteamRefresh, може да ги освежи алиштата од вашата гардероба со помош на пареа, за да бидат тие веднаш подготвени за повторно носење. Додека пак, со ExtraHygiene програмата за перење со пареа во Gorenje машините за перење, отстранува до 99,9% од бактериите и мувлата користејќи ја моќта на пареа и високата температура на перење. Вашите алишта ќе бидат совршено чисти, а во исто време вашата машина за перење ќе остане чиста подолго време, без бактерии и непријатни мириси.
3. Користете средства за чистење од домашно производство
Производите за чистење може да бидат скапи (да не зборуваме штетни за вас и за околината). А кога фрлате и крпи, џогери, кофи, ракавици и други производи во купот отпадоци, пролетното чистење станува уште поомразена и поскапа работа. Меѓутоа, многу домашно направени средства за чистење даваат ефект исто како и купените што дома ги складираме, а чинат многу поевтино. Може да направите сѐ, од средство за чистење на кујнската маса до средства за чистење плочки во бањата, со едноставни состојки кои, веројатно, веќе ги имате дома како сода бикарбона, лимони, оцет. Друг корисен потег што може да се обидете да го направите е чистење на вашите славини со додавање на малку масло во мешавината за чистење, за да им дадете дополнителен сјај и да ги направите поотпорни на дамките од вода.
4. Фрлајте
Иако веќе ја допревме оваа тема претходно, во делот за уредувањето, таа е толку важна, што треба само да се фокусираме на неа уште малку. Освен старата облека и старите чевли, луѓето често забораваат на другите работи на кои, едноставно, местото им е во контејнерот. Зборуваме за непотребните документи, какви што се:
- стари писма за плаќање даноци,
- стари сметки,
- упатства за стари електронски апарати,
- неупотребливи електронски апарати и кабли,
- производи за шминкање (да, дами, шминката со поминат рок носи ризик од затнување на порите и појава на бактериски инфекции),
- поминат рок во вашиот шкаф за прва помош и, најважното,
- поминат рок во вашиот фрижидер и во шпајзот.
5. Нурнете длабоко во вашиот фрижидер
Вашиот фрижидер и вашиот шпајз се поврзани со создавањето неред од безброј тегли и пластични садови со којзнае што. Почнете го пролетното чистење така што ќе извадите сè од фрижидерот и избришете го со влажна крпа – однатре и однадвор. Сега, фрлете ги полуискористените сосови и теглите со кисели краставички, отвореното вино и отворените сокови, старите зачини и преливите. Дали сте збунети во овој момент? Дали размислувате како фрлањето храна е сосема спротивно од заштедата на пари? Дозволете ни да објасниме – кога вашиот фрижидер или замрзнувачот се во неред, се стремите да купувате непотребни работи од продавница. Затоа, уредниот фрижидер и уредниот замрзнувач заштедуваат време и пари при купувањето намирници. Во таа смисла, квалитетниот фрижидер и квалитетниот замрзнувач, исто така, заштедуваат пари. Самостојните комбинирани NoFrost фрижидери од Gorenje заштедуваат енергија (и следствено, пари за сметката за струја) преку намалување на таложењето мраз на храната и воопшто, а FreshZone фиоката во Gorenje комбинираните фрижидери ја одржува свежината на храната многу подолго (и следствено, ќе фрлате помалку храна).
Гледате, пролетното чистење, всушност, може да заштеди пари (особено, ако користите апарати од Gorenje). Само следете ги чекорите и слушнете го звукот на касата за пари во вашиот паричник.
Повеќе информации за апаратите на Gorenje погледнете тука.
Комерцијален текст