Дали знаевте дека според светската статистика, просечен човек троши три години од својот живот или 17 дена во годината на готвење? Современиот начин на живеење со себе носи пренатрупан распоред на дневни обврски, но и модерни решенија прилагодени на потребите на денешниот човек. Еден од нив е мултифункционалниот кујнски робот од Gorenje, модерен, практичен и ефикасен асистент за секој кулинарски предизвик кој многу ќе ви го олесни подготвувањето на сите оброци, а во исто време ќе заштеди време и енергија.
Заборавете на „досадните“ работи кога готвите!
Кујнскиот робот од Gorenje е одличен составен дел од секое домаќинство, обезбедувајќи оброците да бидат исто толку вкусни и добри како да сте учествувале и како да сте ги следеле секоја минута од нивното подготвување. Ги презема сите оние „досадни“ работи кои се составен дел од готвењето, бидејќи доаѓа со повеќе сечила, бокал, садови за мешање и сечкање и разни додатоци за сечкање, рендање, месење, мелење, матење, мешање и дробење. Имаат голема моќ и брзина, како и доволно чувствителност и финост за да можат совршено да измешаат сè, од густа смеса од бисквити до деликатни белки од јајца. Моќниот мотор, како на шега, меша, мати и меси.
Одберете го рецептот на вашето омилено јадење, подгответе ги сите потребни состојки за него, а кујнскиот робот од Gorenje кој има можност за работа „без раце“ ќе ја заврши работата, додека вие можете да се фокусирате на други задачи. Откако вашиот асистент ќе ги подготви сите потребни состојки, останува само на вас да го изберете саканиот метод на техничка обработка на оброкот.
Тајната на вкусното домашно тесто кое се подготвува како од шега!
Исто така, од многумина често можеме да слушнеме коментари дека се воздржуваат од подготовка на тестото, бидејќи може да биде вистински кошмар за оние кои штотуку почнуваат да месат. Месењето на тестото може да биде предизвик дури и за оние со искуство и може да не успее, без разлика колку добро го следите рецептот. Секој барем еднаш се нашол во ситуација никогаш повеќе да не помисли да го подготви самостојно. Свесни дека тајната на вкусното домашно тесто е во доброто месење, кујнскиот робот ќе се погрижи тестото да биде меко како да е подготвено од најдобрите пекари. Додатокот за мешање во кујнскиот робот ротира околу својата оска, додека главата за мешање ротира во спротивна насока, проверувајќи дали сите состојки се совршено и рамномерно измешани, ефикасно подготвувајќи го дури и најтврдото тесто. Воздухот ќе остане во тестото, правејќи го многу меко, и можете да бидете сигурни дека сите ќе бидат импресионирани!
Изберете го кујнскиот робот од Gorenje кој најмногу одговара на вашите потреби, бидејќи овој апарат станува незаменлив дел од речиси секоја кујна поради огромната заштеда на време и практичноста што ја носи со себе, а притоа совршено се вклопува во модерниот начин на живот на секој од нас.
Комерцијален текст